Реклама
Македонија

Мицкоски: Наскоро ќе има нови имиња на местата на оние кои заминаа во прегратките на ДУИ

Кој ќе ги пополни испразнетите министерски места откако Арбен Таравари објави дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кој ќе ги пополни испразнетите министерски места откако Арбен Таравари објави дека Алијанса за Албанците дефинитивно излегува од Владата ќе се знае следната недела. Премиерот Христијан Мицкоски рече дека во периодот што следува ќе бидат номинирани нови имиња на министерските и заменик-министерските позиции кои до сега припаѓаа на партијата на Таравари.

Откако Извршниот комитет на владејачката ВМРО-ДПМНЕ го овласти Мицкоски да предложи имиња, јавноста е во исчекување, оние кои што одлучија, како што вели премиерот, да заминат во прегратките на Ахмети, да бидат заменети со нови кадри.

Членовите на ИК ме овластија во периодот којшто следи да номинираме нови имиња кои ќе ги заменат имињата на оние коишто одлучија да одат во прегратките на Али Ахмети и на ДУИ односно од партијата на Арбен Таравари, рече Мицкоски.

Реклама

Од коалицијата Вреди велат дека за сега нема преговори, а за промените на министри потребен е политички договор.

Комбинациите кои се прават во однос на поделба на одговорностите за водење на владата се прават со политички договор, но и согласно капацитетите кадрите кои ги имаат одредени партии кои се дел од владината коалиција. Министерството за здравство беше побарано од нас и поради тоа што, член на досегашната коалиција беше Арбен Таравари. Тој го побара тоа како ресор, а сега со неговото заминување ние како „Вреди“ сме подготвени да разговараме и за такви комбинации, но нема преговори во делот на Владата за рокади и во моментот, сè додека нема нова ситуација, сите позиции кои беа досега остануваат во „Вреди“, истакна Касами од настан во Тетово.

Министерот за животна средина и лидер на Демократско движење, Изет Меџити е дециден дека владината коалиција функционира најнормално, и по накјавеното напуштање на Алијанса за Албанците.

Па, додека некој се грижи како да му олесни на Ахмети, ние се кажуваме дека и потврдуваме дека Владата е стабилна и за нас, а приоритет над приоритетите се граѓаните, гласачите и ние се трудиме како денес значи секојдневно да бидеме блиску до нив и да решиме нивни проблеми, додека другите мислата да олеснат на Ахмети, рече Меџити.

Алијансата за Албанците завчера едногласно одлучи да делува од опозиција, а Таравари ги адресираше и причините за одлуката – вперувајќи го прстот во отстранувањето на Балансерот и маргинализацијата на Албанците во институциите.