Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Ристески: Има доста сомнежи околу причаната за ваквиот однос на Таравари

Пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ Петар Ристески, излезе со свој став…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ Петар Ристески, излезе со свој став околу излегувањето на Таравари од владината коалиција.

-Владата е стабилна, функционира стабилно со полна пареа имаме стабилно мнозинство. Отколку волјата на албанските гласачи јас ќе кажам дека волјата на македонските, албанските и сите граѓани на Република Македонија јасно изразена беше на изборите минатата година и добивме и ние како ВМРО-ДПМНЕ, како Алијанса за Албанците, ВРЕДИ, ЗНАМ сите добивме кредибилитет за она што го ветивме пред изборите дека ќе се бориме против криминалот, корупцијата, олицетворение на ДУИ и СДС и ние тоа го направивме, ние после толку години ветивме дека ДУИ ќе замине во опозиција и замина во опозиција. Треба да биде јасно дека таму и ќе остане, ние. изјави Ристески

Ристески посочи дека Таравари треба да излезе со релевантни факти зошто го прави ова бидејќи тука има доста сомнежи околу причината за ваквиот однос.

Реклама

-Ние ветивме бескрупулозна борба со криминалот и корупцијата и за овие 10 месеци апсолутно тоа го правиме и тоа ќе продолжиме без разлика дали тоа му се допаѓало на Арбен Таравари, Али Ахмети, Венко Филипче. Ние ќе продолжиме со тоа што сме го добиле како доверба од граѓаните на Република Македонија без разлика дали се Албанци или Македонци и албанскиот електорат даде поддршка на борбата со криминалот и корупцијата и она што ДУИ го правеше со дивеење со државните ресурси во изминатите 20 години додека беа на власт. Јасна беше волјата и на албанските гласачи ја дадоа довербата на оние кои застанаа против ДУИ, заклучи Ристески.