Скандалите во СДСМ, слабата организација, неконзистентноста во ставовите за најразлични теми, немањето реформи ќе и пресудат на партијата на Венко Филипче на претстојните локални избори, алармираат познавачите. Деновиве се поставува и дилемата дали опозициската партија воопшто ќе може да најде и кандидати за градоначалници за изборите . Проблемите и незадоволството од раководството само се напластуваат, а случајот со златната виза на Филипче беше капак на се.
Златната виза не е толку важна колку што е интересен фактот дека СДСМ е де факто полураспадната партија. Таму ни здраво не ти викаат ако немаш импозантна сума на пари. Ако зборуваме за толкава сума на пари, тогаш органите се должни да го испитаат тоа. Тој имиџ на „Знаете ли кој сум јас“, копи-пејст Заев -Филипче, покажува дека СДСМ нема ни тронка напредок. СДСМ има да изгуби како „Грчка“. Причината е нивната ослабеност, тој амбиент во СДСМ што вели дека ништо не е како што било. Дали и како СДСМ ќе успее било шти да направи на овие избори зависи од нивната организираност, вели аналитичарот Агим Јонуз.
Црно и се пишува на опозициската партија ако не донесе на чело луѓе кои не влечат афери и тежини од минатото. Само личности кои реално ќе работат на социјалдемократијата и ќе ги напуштат своите лични интереси, може да пробаат да ја спасат, вели Јонуз.

Потребна е реорганизација тоа е феномен исто како во ДУИ, тотална реоргнизација, донесување на чело луѓе кои немаат афери и тежини од минатото кои ги носат. Поставуване на луѓе кои реално работат на социјалдемократијата, луѓе кои не работат за нивни бенефити. СДСМ не е ни сенка од оној СДСМ од кој што ВМРО ДПМНЕ на времето требаше да се плаши, вели Јонуз.
Подолг период истакнати партиски членови алармираат за лошите состојби во партијата. Револт и гнев дополнително предизвика фактот дека Филипче сепак поседува златна виза за Дубаи, па поранешни негови сопартијци распалија по социјалните мрежи со критики и пораки дека само лидерот може да стигне далеку со милионите, но не и партијата. Како што е познато, Филипче прво демнатираше дека поседува златна виза, но пред два дена призна, со објаснување дека не ја добил поради вложени пари, туку затоа што преговарал за работа со некоја болница. Не ја вратил, туку во моментов таа била на стенд бај
Според програмата на Обединетите Арапски Емирати златната виза за долгорочен престој главно добиваат странски државјани кои се подготвени да вложат минимум 280 илјади долари за виза од 5 години, или над 500 илјади долари за 10 годишна.
