Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Васил осуден на 12 години затвор за прегазување на Фросина Кулакова

Васил Јованов е осуден на 12 години за прегазувањето на младата Фросина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Васил Јованов е осуден на 12 години за прегазувањето на младата Фросина Кулакова, изрече денеска судијата во Кривичниот суд. На изречената казна му се засметува и времето поминато во притвор. Судот му изрече и забрана за управување со моторно возило во период од пет години која опфаќа и забрана за издавање на возачка дозвола која не го опфаќа времето поминато во притвор и затвор.

Денешното изрекување на пресудата следуваше откако на судењето што почна на 9 овој месец обвинетиот Јованов призна вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката што се случи во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Според обвинението, на 29 јануари годинава, Јованов, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, управувал возило со брзина од 91 километар на час на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. На пешачки премин, на црвено светло, удрил во Кулакова, која поминувала на зелено светло за пешаци. Од силата на ударот, Фросина се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место.

Реклама

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог и против таткото на Васил, Зоран Јованов, за кривично дело „предизвикување општа опасност“ од член 288 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинението се однесува на периодот од 04.11.2022 до 30.01.2025 година, во кој тој му дозволувал на својот син да управува патничко моторно возило „Пежо 207“, иако знаел дека нема возачка дозвола и е сторител на сообраќајни деликти.