Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Димитриевски до Филипче: Каде да се вратат членовите во СДСМ, кај тебе-полн со криминали или во твоите станови во Дубаи?!

Лидерот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, од собир на неговата партија во…

Сподели:

Лидерот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, од собир на неговата партија во Струга му се обрати поранешниот сопартиец, денеска претседател на СДСМ, Венко Филипче. Димитриевски возврати на повикот на Филипче до членството на ЗНАМ да се вратат во редовите на СДСМ.

„Се уплашија од ЗНАМ? И треба да се плашат, затоа што секој ден сè поголем и поголем број на граѓани, но и поголем број на сега веќе поранешни членови на Социјалдемократскиот сојуз сега се во ЗНАМ. И го слушам Филипче како ги повикува да се врателе. А бе, Венко, каде да се вратат кај тебе? Ти си СДСМ? Ти си истиот кој промени низа влади и слугуваше на секој. Ти којшто си полн со криминали и корупција, безброј – стотици и стотици афери, коишто ти и таквите како тебе, таа некогаш државотворна партија ја доведовте на ова дереџе. Каде ги покануваш? Каде да се вратат, каде ќе ги носиш – во твоите станови? Па и самиот не знае колку ги има? Ќе ги носи во Дубаи, со парите што ги изнесоа, со инвестициите што ги прави таму? Или ќе ги носи во онаа, за жал веќе празна зграда којашто некогаш беше толку достоинствена и преполна со честит и чесен народ? Ама денеска ЗНАМ е тука, за сите тие луѓе!“, му порача Максим Димитриевски на Венко Филипче.