Реклама
Македонија

Ќосето најави дека нема да се врати во затвор откако газдата на „Пуцко петрол“ си замина дома

Горан Ангелов-Ќосето, еден од осудените за случајот „27 април“, преку фејсбук искажа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Горан Ангелов-Ќосето, еден од осудените за случајот „27 април“, преку фејсбук искажа остра реакција од фактот што е ослободен Асмир Јахоски, по вчерашната информација дека неговата милионска гаранција се прифаќа од правосудните органи на земјава и нему му се укинува мерката притвор, но тој ќе има обврска да се јавува повремено на определено службено лице во Основен Кривичен суд Скопје, и привремено ќе му биде одземен постојниот пасош, со забрана за издавање на нова патна исправа.

Како што е познато, Ќосето е осуден за „27 април“, случај за кој во затвор помина осум години досега. Неодамна излезе од затворот врз основа на потребно лекување, и тоа за повеќе констатирани дијагнози. Најави дека по небулозната одлука на Апелација за Јахоски, тој нема да се врати во затвор.