Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Костадиновски продолжува со работните активности на 10. Конгрес на АCCF во Букурешт

Во тек е работниот состанок на членовите на Асоцијацијата на Франкофонските уставни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во тек е работниот состанок на членовите на Асоцијацијата на Франкофонските уставни судови(ACCF) во Букурешт, на којшто присуствува и претседателот д-р Дарко Костадиновски.

Ќе бидат донесени одлуки на повеќе теми меѓу кои: предлог за измени на Статутот и Деловникот за работа на ACCF, презентација на водичот „Етички принципи на уставниот судија“ предложен од ACCF, гласање од страна на Генералното собрание, презентација на кандидатурите за членови на Бирото на ACCF за периодот 2025–2028, презентација на барањето за членство на Уставниот суд на Косово, презентација на тригодишната програма на ACCF за периодот 2025–2028 година.

На маргините на Конгресот претседателот Костадиновски имаше средба со делегацијата на Египетскиот врховен Уставен суд, судиите Ала Ахмет и д-р Фатма Елразаз. На средбата египетската делегација искажа интерес за надлежностите на Уставниот суд на Република Македонија и особено за темата „Живиот конституциунализам“ на која претседателот Костадиновски имаше обраќање на првата Сесија.

Реклама

Заеднички беше договорено во наредниот период да се унапреди билатералната соработка меѓу двата суда, со организирање на посети, развивање на дијалог и размената на знаења и информации од важност за уставното судство.

Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски и советникот на Судот Татјана Јањиќ-Тодорова учествуваат на 10. Конгрес на Асоцијацијата на уставни судови на Франкофонијата во Букурешт Романија, од 6-8 мај 2025 година.