Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Тошковски: Безбедноста е темел на секое здраво општество

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по повод 7 Мај – Денот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција, упати честитки до сите полициски службеници ширум државата, истакнувајќи ја нивната клучна улога во обезбедувањето на јавната безбедност. Тој оддаде почит и на сите припадници на МВР кои го загубиле својот живот во рамките на службата.

– Овој ден е посветен на вас, на сите полициски службеници ширум Македонија, на луѓето кои секојдневно професионално се грижат за безбедноста на граѓаните, порача министерот, нагласувајќи дека да се биде полицаец не значи само носење униформа, туку и посветеност на заштитата на татковината.

Во обраќањето на свеченоста во Центарот за обука на МВР во Идризово, Тошковски ја потенцираше сложеноста на современиот безбедносен контекст и предизвиците со кои се соочува полицијата.

Реклама

– Современиот безбедносен контекст е сложен, се соочуваме со големи предизвици и нашата улога денеска е поодговорна од кога било, истакна тој, додавајќи дека Министерството за внатрешни работи активно соработува со бројни европски и регионални партнери.

Министерот се осврна и на резултатите од работата на полицијата во изминатиот период, нагласувајќи дека е постигнато значително намалување на криминалитетот.

– Покажавме дека можеме – сузбивме 14 криминални групи, од кои најмногу поврзани со трговија со дрога. Откривме две организирани групи поврзани со висока корупција, рече Тошковски.

Нагласи дека МВР повеќе не е затворена институција, туку, како што рече, „работи рамо до рамо со граѓаните“.

– Безбедноста не е привилегија, таа е темел на секое здраво општество. Без неа нема ниту економија, ниту правда, ниту развој, нагласи министерот, додавајќи дека македонската полиција ќе продолжи да се менува, расте и подобрува, останувајќи симбол на редот и правдата.

Денот на македонската полиција се одбележува на 7 мај. Овој ден е посветен на признавање на работата и посветеноста на полицајците во Северна Македонија. Годинава, прославата се одржува во Центарот за обука на МВР во Идризово, каде што присуствуваат високи државни функционери.