На ДУИ веќе почна сè да им смета. Сега дури и најдоа замерка на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова затоа што смета дека нема потреба од предвремени избори во Македонија и дека нема ништо страшно ако неколку пратеници Албанци ја напуштат владата, мислејќи на алијансата на Таравари.
Според нив, Давкова застанала на страна на владата во, како што велат, поткопувањето на мултиетничкиот карактер на државата во време кога тој бил под сериозна закана, занемарувајќи ги механизмите за заштита од етничка мајоризација.
„Сиљановска многу лесно ја напушти клучната улога која претседателот на државата треба да ја има – да биде фер арбитар на различните политички позиции со цел да ги обединува сите граѓани, без разлика на нивната етничка, политичка или било каква друга припадност. Наместо обединувач, таа избра да биде дел од партиската поларизација“, се вели во соопштението на ДУИ. Повторно бараат да се обезбедат дополнителни уставни и политички механизми кои ќе ја гарантираат консензуалноста во изборот на функцијата претседател.

