Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Муртезани: Ќе градиме не само патишта, туку и мостови на разбирање и солидарност

Република Македонија, претставена преку министерот за европски прашања, Орхан Муртезани и заменик…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Република Македонија, претставена преку министерот за европски прашања, Орхан Муртезани и заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, по денешната церемонија на примопредавање напретседателството со Стратегијата на Европската Унија за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР) на Крит, од денес претседава со Јадранско-јонската иницијатива и ЕУСАИР.

Министерот Муртезани, на церемонијата на примопредавање нагласи дека интеграцијата во Унијата не претставува само надворешна политика, туку, дека тоа е приказна на една генерација, потенцирајќи дека улогата на Македонија во ЕУСАИР не е симболична, туку суштинска.

Во обраќањето пред регионалните партнери и претставници на Европската комисија, Муртезани најави дека новото Претседателство ќе се фокусира на поврзаноста како двигател на развојот: „Поврзаноста не се мери само со километри автопати или гигабајти интернет. Таа се мери и со довербата што ја градиме едни кон други,“ рече тој.

Реклама

Како координирачка земја на Столб 2 – Поврзување на регионот, Македонија ќе работи на зајакнување на инфраструктурните, дигиталните и социјалните врски меѓу земјите во Јадранско-јонскиот регион: „Ќе градиме не само патишта, туку и мостови на разбирање и солидарност.“ Претседателството ќе се фокусира и на одржливиот развој, иновациите и сината економија, продолжувајќи ги приоритетите воспоставени од Грчкото претседателство.