Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Сиљановска-Давкова: Да си го почитуваме и сакаме македонскиот јазик, тој е неразделен дел од нашиот уникатен македонски идентитет

Да се биде покровителка на Свечената академија по повод 5 Мај –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Да се биде покровителка на Свечената академија по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, одржана во МАНУ, е ретка прилика и особена чест, соопшти Претседателката Сиљановска-Давкова.

„Да се говори пред академици, професори, министри, дипломати и пратеници, како и врвни познавачи, почитувачи и вљубеници во македонскиот јазик е голем предизвик.

Со задоволство ги слушав исклучителните излагања на претседателот на МАНУ, Живко Попов, министерката за образование и наука Весна Јаневска, министерот за култура и туризам Зоран Љутков и професорката Симона Груевска-Маџоска. Секој од нив, од свој агол и на автентичен начин ја осветли и расветли вековната генеза на македонскиот јазик пред неговата кодификација во 1945 година, една година по 2 Август 1944, кога на Првото заседание на АСНОМ беше прогласен за службен.