Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Васил Стерјовски го честиташе Денот на македонскиот јазик на предизборен митинг во Албанија

На изборниот митинг на Социјалистичката партија, на кој присуствуваше и лидерот и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На изборниот митинг на Социјалистичката партија, на кој присуствуваше и лидерот и актуелен албански премиер Еди Рама, на крајот од своето обраќање Васил Стерјовски, кандидат за пратеник во оваа изборна единица, на македонски го честиташе Денот на македонскиот јазик.

„Почитувани пријатели, сакам да упатам честитка до македонската заедница по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик и да порачам да го чуваме, негуваме и пренесуваме македонскиот јазик со љубов, гордост и достоинство“, рече Стерјовски, по што беше поздравен од илјадниците учесници на митингот.

Во обраќањето, тој на почеток се заблагодари на довербата да биде на кандидатката листа за округот Корча.

Реклама

„Со срце полно благодарност, сакам да му се заблагодарам на премиерот Еди Рама и на политичкиот раководител на Социјалистичката партија за округот Корча, Нико Пелеши, за довербата и поддршката што ми ја дадоа на претставувањето на македонската заедница на победничката листа на Социјалистичката партија во овој округ“, рече тој.

„Се чувствувам длабоко почестен и привилегиран што сум дел од овој визионерски тим предводен од Влада што ја гледа иднината во Европската Унија, во развојот, вклученоста и еднаквоста за сите граѓани, без разлика“, додаде Стерјовски.