Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Пред 34 години во Сплит загина кавадарчанецот и војник Сашко Гешовски

Кавадарчанецот Сашко Гешовски е првата жртва од последната голема војна што започна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кавадарчанецот Сашко Гешовски е првата жртва од последната голема војна што започна на Балканот, со распадот на поранешна СФРЈ.

Во историјата на Македонија, за жал, има многу жртви на Македонци, кои биле искористени или злоупотребени во многуте војни што се воделе на овие простори. Тие војувале како припадници на туѓи војски, а познати се случаи кога браќа Македонци војувале еден спроти друг, под команда на туѓи офицери и во спротиставени војски.

Кавадарчанецот Гешовски како 19-годишен војник на тогашната ЈНА е загинат на денешен ден, на 6 мај 1991 година во Сплит, во Република Хрватска, под околности кои ни до ден-денес не се разјаснети.

Реклама

На денот на загинувањето Гешовски бил на стража во командата на Военопоморската област во Сплит, каде што протестирале над 30.000 хрватски демонстранти, кои се бореа за независна Хрватска од СФРЈ, зашто не се согласуваа со тоа што поранешната заедничка југословенска војска почна да се злоупотребува од режимот на тогашниот српски претседател Слободан Милошевиќ.

Младиот Гешовски беше првата македонска жртва во југословенската војна. Тој ја имал несреќата да биде регрутиран во ЈНА во период на силни превирања во бивша Југославија, кога Милошевиќ почна да ја злоупотребува армијата и институциите од бивша СФРЈ за своите политички цели. Гешовски воениот рок го почнал на 17 септември 1990 година како припадник на воената полиција во Сплит.

Смртта на младиот Македонец, во тоа време, беше злоупотребена за политички цели, со набедување дека е убиен од куршуми од хрватска страна, но имаше верзија дека смртоносните куршуми стигнале од негови старешини, дека бил убиен од поручник на ЈНА.