Реклама
Македонија

Политички маневар или пресврт во СДСМ – Лукаревска вели ДУИ заслужува да остане во длабока опозиција

Политички маневар пред избори или пресврт кај социјалдемократите? Јавно се оградуваат од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Политички маневар пред избори или пресврт кај социјалдемократите? Јавно се оградуваат од интегративците, а се шпекулира дека во некои општини сепак екс партнерите ќе соработуваат за локалните избори на есен.

Oткако пред извесно време лидерот на СДСМ распали по ДУИ дека партијата е симбол на корупција и поделби сега и пратеничката Сања Лукаревска им порача дека заслужуваат да останат во длабока опозиција. За последните изјави на лидерот на ДУИ, Ахмети и најавите за протести, СДСМ оценува дека правото на протест е загарантирано и тука нема дилема, вели пратеничката од СДСМ Сања Лукаревска. Сепак, вели дека откако ДУИ е во опозиција, се нафрлаат закани за можни немири и протести со што се дава впечаток дека не можат да се помират што се во опозиција.  Според неа, „не може само СДСМ да ја плати цената на нивното однесување“.

– Заслужуваат да останат длабоко во опозиција затоа што на овој народ му е доволно од пречките кои што ги имаме меѓу политичари од различни партии, а како капак на ова да слушаме дека ќе има протести затоа што некој смета дека веќе не е на власт и не може да ги влече конците како што беше претходно, рече Лукаревска во емисија  на Канал 5.

Реклама

Се поставува дилемата, дали ова е навистина пресврт во СДСМ и освестување за она што го правела ДУИ изминатите години, и покрај тоа што им беше омилен коалициски партнер, или политичка игра.

СДСМ почна да го заострува тонот кон ДУИ уште на почетокот на годинава, кога нивниот лидер Венко Филипче категорично изјави дека СДСМ никогаш повеќе нема да биде ставен во подредена позиција од страна на ДУИ или било која друга партија.

„Коруптивната стигма што ДУИ ја носи со години е нешто од што јасно и недвосмислено се дистанцираме. Нивната реторика и подигање етнички тензии се опасни и неприфатливи за едно мултиетничко општество“, изјави Филипче во јануари.

Растечката критика кон поранешниот коалициски партнер ДУИ може да биде сигнал за нова стратегија, но и обид за враќање на довербата кај разочараните гласачи. Колку е тоа искрена пресвртница, а колку тактички потег пред избори, ќе покаже времето.