Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Собранието треба да ги одржи 47. и продолжението на 34. седница

Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 47. а потоа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 47. а потоа и продолжение на 34. седница.

На дневен ред на 47. седница се вкупно 12 точки. Пред пратениците на денешната пленарна седница е Предлог на законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, поднесен по скратена постапка од пратениците на Левица, кој предвидува удвојување на роковите за застарување на кривичните дела и воведување на незастарливост за кривичните дела против службената должност. Исто така, од Левица по скратена постапка поднесен е и Предлог на закон за изменување на Законот за финансирање на политичките партии.

На дневен ред се и Предлог на законот за изменување на Законот за превоз во патниот сообраќај, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за гробишта и погребални услуги, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за градење, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за јавна чистота, Предлог на законот за изменување на Законот за културата, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка и Предлог на законот за дополнување на Законот за заштита на личните податоци, сите по скратена постапка.

Реклама

На 34. седница, пак, треба да се гласа за повеќе точки кои претходно биле разледани од пратениците. На дневен ред за дебата се и Предлог одлуката за именување на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како и Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за Народниот правобранител, по скратена постапка.

Во Собрание денеска ќе се одржи и конститутивна седница на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција.