Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

ДС: МВР да го спречи Ахмети да предизвика безбедносна криза

Демократскиот сојуз ги осудува заканите за дестабилизација што ги упати лидерот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Демократскиот сојуз ги осудува заканите за дестабилизација што ги упати лидерот на ДУИ Али Ахмети и ги повикува надлежните органи да преземат решителна акција за спречување на безбедносно-политичка криза каква што има намера да предизвика неговата партија.

„Демократската унија за интеграција упорно одбива да прифати дека нејзините челници и поранешни државни функционери, кои неказнето ги кршеа законите сите изминати дваесетина години на власт, не се веќе недопирливи команданти на ОНА за кои не важи правдата.

Особено загрижува причината поради која Ахмети и неговата политичка дружина имаат намера, како што најави, „да излезат на улица и никогаш повеќе да не се вратат“ – имено, доколку поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, кој е осомничен во случајот на трагедијата во Кочани, биде обвинет по завршувањето на истрагата. Таква мафијашка уцена и притисок врз обвинителството и судовите е невидена во Македонија.

Реклама

Ахмети е очигледно навикнат судиите и обвинители кои лично ги поставуваше да работат под негов диктат и да штанцаат мерки за обезбедување, обвинителни акти и пресуди по негов терк. Токму затоа ДУИ реагираше и на одлуката за задржување во притвор на екс министерот Бектеши.Одлука донесена од судии кој тој ги поставуваше и командуваше. Досега политичките шампиони на интегративците имаа навика да бегаат од правдата, како што е случајот со Артан Груби и Перпарим Бајрами, кои веќе неколку месеци се во бегство од органите на прогонот.

Истовремено, Ахмети лицемерно им се додворува и на семејствата на загинатите во трагедијата во Кочани, ветувајќи дека ќе им се приклучи во поддршката да стигнат до неселективна правда, но не ги поддржа семејствата на загинатите во модуларната болница во Тетово, трагично настраданите во несреќата на „Дурмо Турс“ кај Ласкарци или на оние на „Беса Транс“ во Бугарија. Во тие случаи правдата ја кроеше ДУИ и таа беше селективна.

Демократскиот сојуз ги повикува највисоките државни институции, обвинителството и судството, вклучително и Уставниот суд, кој треба да одлучува за уставноста на некои одредби од Законот за употреба на јазиците, да работат според законите и Уставот и да не се обѕираат на притисоците и заканите што ги упатува Ахмети. Неговото време заврши, а местото на криминалците без разлика од нивната партиска,етничка или верска припадност им е зад решетки“, велат од партијата.