Реклама

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Македонија

Трговците се воздржаа од поскапувања, инспекциите најавуваат засилени контроли

По најавата за засилени контроли во маркетите, трговците ги зауздаа цените на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По најавата за засилени контроли во маркетите, трговците ги зауздаа цените на производите. Иако мерката за замрзнуање на маржите истече пред три дена, граѓаните забележуваат дека ценовниците во маркетите остануваат непроменети. Оние кои денеска беа да пазарат, не забележале поскапувања на прехранбените и непрехранбените производи па според нив мерката на Владата дала добар резултат, барем колку толку цените да останат непроменети за првомајските празници. Тие го пофалија и онлајн објавувањето на цените во маркетите.

По завршувањето на мерката за ограничување на маржите, од Владата најавија интензивни контроли. Инспекторите ги чешлаат маркетите во обиди да откријат манипулација на пазарот од страна на трговците. Од ДПИ за Алфа велат дека ќе се прави мониторинг на целосната линија на прозиводите од влез до рафт.

“ДПИ ќе прави целосен оперативен план во текот на месец мај, и ќе се вршат засилени контроли кај трговците ,дистрибутерите и производителите…ќе се анализираат влезните фактури во маркетите односно, како производите влегуваат во Македонија, па се до нивно пуштање во продажба велат од ДПИ.

Реклама

На 30-ти април заврши владината мерка за ограничување на бруто-профитните маржи на основните производи, што беше во сила од 20 февруари. Со ова, трговците повторно имаат слобода да ги одредуваат цените на повеќе од 1.000 производи.Со мерката опфатени беа 102 групи производи, со ограничување на маржите од 5 до 15%.