Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

Ако Филипче се претставува како нова опција, тогаш зошто промовира ист модел како оној на Заев?

Изјавите на Филипче во кои го велича Заев, како политичар од кого…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изјавите на Филипче во кои го велича Заев, како политичар од кого ,,треба да учиме“, дали тоа е поради суштината на она што Заев го претставуваше, кој остави хаос во институциите и го уништи угледот на Македонија, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија се соочуваше со најтешките трагедии, убиствата кај Смилковско езеро и смртта на Младенов, а Заев ветуваше дека ќе ја обелодени вистината за овие настани. Народот од Заев не доби ниту објаснување, ниту вистина, само предавства на секое поле. Филипче да каже дали е тоа политичкиот пристап што го нарекува ,,пример од кој треба да учиме“? Дали Филипче мисли на празните ветувања на Заев, на масовните корупциски скандали, непочитувањето на институциите или на распроджбата на националните интереси? И после се ова Филипче да даде одговор на јавноста дали е спремен да ја сноси одговорноста од политичкиот багаж на Заев? Кога лидер на партија која успеа да ја крахира државата, и се повикува на фигура како Заев, мора да даде објаснување на јавноста на што точно мисли. И ако веќе Филипче сака јавно да се позиционира како наследник на Заев, граѓаните треба да знаат дали ги чека продолжение на истата приказна, само со нова маска. Или Венко Филипче само користи емотивно наелектризирани теми за да добие подобра политичка позиција. Дали Филипче ќе ја занемари одговорноста и довербата на граѓаните заради личен или партиски интерес? Сепак тоа е одлика по која СДС се препознатливи. СДС повторно се обидуваат да манипулираат, и да изградат “реформиран“ имиџ. Наместо правда, граѓаните добија партизација на институции, непотизам, и корупциски скандали. СДС го искористи своето време на власт за личен и партиски интерес, оставајќи ја државата послаба, поделенa и обесхрабрена, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде ,,втор Заев“, човек под чие раководство Македонија западна во најдлабоки кризи од својата независност. СДС е синоним на предавства, неспособност, и криминал, додаваат од владејачката партија.