Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

Палевски ги негира обвиненијата за грабнување и убиство на Вања и Панче, судењето продолжува

Палевски ги отфрли обвиненијата за учество во грабнувањето и убиството на Вања…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Палевски ги отфрли обвиненијата за учество во грабнувањето и убиството на Вања и Панче, тврдејќи дека на денот на инцидентот бил во банка, каде што плаќал сметки. По тоа, тој посетил пазар за да купи грејач за котел и се вратил во седиштето на политичката партија „Десна“, каде што имал состаноци со партиски членови. Палевски исто така негираше дека го возел автомобилот на Жежовски или бил во неговата куќа.

Во текот на денешното судење, Палевски повторно ги оспори доказите на обвинителството, тврдејќи дека тие се манипулативни и нецелосни. Тој нагласи дека нема мотив за извршување на делото и го негираше своето учество во злосторството.

„Не сум сторил ова кривично дело за кои ме обвинуваат. Немав мотив, ниту пак го сторив тоа“, изјави Палевски.

Реклама

Тој истакна дека доказите во истрагата се фалсификувани и спомна недоследности во видеоснимките што ги презентирало обвинителството.

Адвокатот на Палевски, Јовица Страшевски, нагласи дека постојат значителни разлики помеѓу изјавите на обвинителството и презентираните докази. Тој смета дека денешното сведочење на Палевски е клучно за да се утврдат овие неусогласености.

Палевски е последниот сведок кој ќе сведочи во случајот, по претходното сведочење на други обвинети и сведоци, вклучувајќи го и таткото на жртвата, Александар Ѓорчевски. Велибор Манев ги образложи настаните, тврдејќи дека Палевски бил главниот организатор на грабнувањето и убиствата на Вања и Панче, додека Боре Видевски го негираше своето учество, а Влатко Кешишев рече дека бил задолжен само за чување стража.

Според обвинението, Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски заедно ги испланирале грабнувањата на Вања и Панче, со цел да ги присилат членовите на нивните семејства да исплатат откуп. На 27 и 24 ноември, 14-годишната Вања и Панче биле пријавени за исчезнати, а на 3 декември 2023 година биле пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.