Реклама
Македонија

Сајкоски, Ковачки и Мицевски на Семакедонскиот традиционален собор во спомен на 110 години од убиството на Сандански

Денес, во историскиот спомен на 110 години од трагичната смрт на Јане…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес, во историскиот спомен на 110 години од трагичната смрт на Јане Сандански, Царот на Пирин, пратениците Драган Ковачки и Никола Мицевски заедно со Ѓорѓија Сајковски присуствуваа на Семакедонскиот традиционален собор во Мелник, Пиринска Македонија.

Јане Сандански, македонски национален херој, војвода и еден од најголемите водичи на Македонската револуционерна организација, со својата борба за самостојна и независна Македонска држава остави неизбришлив траг во историјата на Македонија. До крајот на својот живот, Сандански остана посветен на идејата за ослободување на Македонија, што го прави една од клучните фигури во историјата на нашиот народ.

Соборот се одржа како израз на почит и сеќавање на неговата херојска борба и се истакна важноста на зачувување на македонската историја и култура, особено во услови на современите политички и историски предизвици. Пратениците и присутните ги истакнаа значењето на таквите собори за продолжување на националната свест и сеќавање на жртвите кои биле дадени за независноста на Македонија.

Реклама

Сајковски ја истакна важноста на сеќавањето на Сандански и борбата за слобода која тој ја претставува. Соборот во Мелник е уште еден доказ за продолжувањето на традицијата и обврската на новите генерации да се сеќаваат на своите херои и нивната борба за слобода и независност.