
Во реновираниот уникатен архитектонски објект стар повеќе од еден век во Кучково се отвора регионален центар за деца кои биле болни од канцер, проект вреден 374 илјади евра, кој се реализира во соработка со невладината организација САНО и со финансии од локалната самоуправа и Швајцарската агенција за развој. Центарот треба да им овозможи на децата да добијат психолошка и социјална поддршка, како и ресоцијализација и интеграција во општеството за време на нивната борба со оваа болест
