Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Таравари: 12 пациенти се враќаат дома, 27 продолжуваат со лекување во Македонија

Во клиниките во Скопје се лекуваат 39 пациенти кои беа повредени во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во клиниките во Скопје се лекуваат 39 пациенти кои беа повредени во трагичниот пожар во Кочани. Од нив, 12 се сместени во Клиничкиот центар, 10 во стара Градска болница, 10 во болницата „8-ми Септември“, а 7 се во приватни клиники.

„Добрата вест е што денеска 12 пациенти се испишуваат, така што во Скопје ќе останат 27 пациенти на лекување. Во странство се лекуваат 115 пациенти. Добра вест е што еден пациент денес се враќа од Белград и ќе продолжи со лекување во Скопје. Пациентот е во стабилна состојба, ќе биде подложен на тријажа и ќе биде сместен во клиника“, изјави министерот Таравари.

Министерот информираше дека состојбата на 4-5 пациенти кои се лекуваат во странство е лоша. Иако има и влошување на некои од нив, лекарите вложуваат максимум за да им помогнат и да го надминат овој тежок период.