Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Мицкоски: Во Радишани се гради мега-парк со плоштад во вредност од 20 милиони денари

Премиерот Христијан Мицкоски денеска му честиташе на градоначалникот на Општина Бутел за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска му честиташе на градоначалникот на Општина Бутел за неговиот труд и постигнувања во изминатиот период, нагласувајќи дека општината доживува значителен напредок благодарение на реализираните и тековните проекти. Според Мицкоски, Бутел се наоѓа во период на препород.

„Треба да се заблагодарам за поддршката која Општина Бутел ја добива од пратеничката во Собранието, советниците, администрацијата и ресорните министри. Само ако сите овие компоненти функционираат хармонично, ќе можеме да постигнеме успех, како што гледаме тука во Општина Бутел“, изјави премиерот Мицкоски по поставувањето на камен-темелникот на мега-паркот во Радишани.

Тој изрази уверување дека општината ќе продолжи со реализација на нови проекти кои ќе придонесат за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Според него, Владата ќе продолжи да ја поддржува оваа иницијатива без никакви двоумења.

Реклама

„Честитам за досегашните постигнувања. Меѓутоа, пред нас има уште многу работа. За разлика од оние кои во минатото уништуваа и крадеа, оваа Влада и локалната самоуправа имаат амбиција да градат и ќе продолжат со тоа и во иднина“, додаде Мицкоски.