Реклама
Македонија

Тимот за истрага на трагедијата во Кочани се зголеми на ЕДИНАЕСЕТ ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ

Сподели:
Утрово се одржа координативен состанок со тимот јавни обвинители, на кој беше соопштено дека, со оглед на обемот на активностите кои веќе се превземаат, тимот е зголемен на 11 јавни обвинители кои постапуваат во истрагата за трагичниот пожар во Кочани согласно усвоениот план за активности и динамика.
Првичните насоки за истрагата сугерираат опсежни активности, кои вклучуваат распит на повеќе од 300 сведоци, како и други истражни дејствија и соодветни вештачења од различни области. Јавниот обвинител побара од назначените обвинители да водат ефикасна и темелна истрага, која детално ќе ги испита сите аспекти и потенцијални правци на одговорност за трагедијата во Кочани. Во текот на денешниот ден, обвинителите во Кочани превземаат дејствија за обезбедување на докази.