Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Трагедија во Волково утрово – кираџија го убил сопственикот на куќата потоа се самоубил

Утрово Волково осамна во крв и во солзи. Тежок злостор ја потресе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Утрово Волково осамна во крв и во солзи. Тежок злостор ја потресе мирната населба кога кираџија со неколку истрели го убил сопственикот на куќата во која живеел, а го повредил и малолетниот син на сопственикот, дознава Алфа.

Според нашите извори, непосредно по пукањето, убиецот си го одзел животот со истрел во главата. Жителите раскажуваат дека ги разбудиле пукотници од огнено оружје, проследени со сирени на полицијата и на Брзата помош. Пред очите на соседите се открила ужасна глетка – телото на сопственикот лежело неподвижно и безживотно на скалите, во локва крв.

Но, трагедијата не застанала тука. Во очај и паника, убиецот се забарикадирал во една од собите, не дозволувајќи ѝ на полицијата да пристапи. По извесно време, со последен истрел ставил точка и на сопствениот живот.

Реклама

Засега нема официјални информации за мотивот на убиството, ниту пак за околностите кои довеле до оваа страшна трагедија.

Соседите, потресени од настанот, велат дека ништо не навестувало на ваква трагедија.

„Неколку истрели ме разбудија од спиење, а веднаш потоа се слушна детски плач и лелекање. Прво помислив дека е некоја детска шега со петарди, но за кратко време ги слушнав сирените на полицијата и на Брзата помош. Кога излегов во дворот, сфатив дека мојот прв комшија е убиен, а неговиот син е повреден во раката и однесен во болница“ – раскажува еден од првите соседи на жртвата.

На улицата владее тешка атмосфера, а полицијата сè уште врши увид на местото на настанот.