Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Николоски: Министерството за транспорт спроведува опсежни контроли на лиценците, проверени повеќе од 640 лиценци

Министерот за транспорт, Александар Николоски, на прес-конференција најави дека во тек е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за транспорт, Александар Николоски, на прес-конференција најави дека во тек е контрола на сите издадени лиценци согласно Законот за градење и Законот за урбанистичко планирање.

Според досега извршените проверки, од вкупно издадените над 1100 лиценци, проверени се 643 лиценци. Кај 97 од нив, утврдено е дека правните лица престанале да ги исполнуваат законските услови поради што ќе бидат донесени решенија за одземање на лиценците.

Според бројките, одземени се следните лиценци:

Реклама
  • 13 правни лица ја загубиле лиценцата А за изведувач на градби од прва категорија
  • 34 правни лица ја загубиле лиценцата Б за изведувач на градби од втора категорија
  • 2 правни лица ја загубиле лиценцата А за надзор над изградбата на градби од прва категорија
  • 6 правни лица ја загубиле лиценцата Б за надзор над изградбата на градби од втора категорија
  • 3 правни лица ја загубиле лиценцата А за проектирање на градби од прва категорија
  • 20 правни лица ја загубиле лиценцата Б за проектирање на градби од втора категорија
  • 2 правни лица ја загубиле лиценцата Б за ревизија на проектна документација на градби од втора категорија
  • 1 правно лице ја загубило лиценцата за управител за одржување на објекти од прва и втора категорија
  • 16 правни лица ја загубиле лиценцата за изработка на урбанистички планови

Министерот Николоски исто така најави и законски измени кои ќе придонесат за подобрување на процесот на лиценцирање.