Реклама
Македонија

Студенти од Ниш собираат парични средства за повредените во кочанската дискотека

Студентите во Ниш организираат собирање на парични донации за помош на семејствата…

Сподели:

Студентите во Ниш организираат собирање на парични донации за помош на семејствата на повредените во трагичниот пожар во дискотеката во Кочани.

Првично, тие ќе доделат медали на студентите кои пешачеле или возеле велосипед до Белград за време на протестите. Потоа, ќе организираат изложба по повод 100-те дена од блокадата и истовремено ќе собираат средства за семејствата на повредените во пожарот во Македонија.

Како дел од активностите, студентите ќе оддадат почит на жртвите во Нови Сад со 15-минутно молчење од 11:52 до 12:07 часот.

Реклама

При посетата на изложбата, студентите ќе собираат парична помош за семејствата на повредените во пожарот во Кочани, а ќе биде поставена и кутија за донации.

Тие упатија повик до сите граѓани да донираат барем симболична сума, која ќе биде проследена на семејствата на повредените.