Реклама

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

Македонија

Ристески: Казни и до 20.000 евра, по Нова година стартува Законот за нефер трговски практики

Законот за нефер трговски практики официјално стартува од 1 јануари 2025 година,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Законот за нефер трговски практики официјално стартува од 1 јануари 2025 година, а овој Закон треба да ги среди односите меѓу производителите, добавувачите и трговците. Досега во мониторинг периодот утврдени се 26 нефер трговски практики, а спрема тарифникот се внесени 2.546 префрлени земјоделски производи во овој Закон, изјави денеска заменик министерот за економија, Марјан Ристески во Штип.

Тој посочи дека на подолг рок со овој Закон ќе имаме поголемо регулирање на цените на производите како краен ефект, односно во интерес на потрошувачите, купувачите и граѓаните, заштита на животниот стандард.

-Од друга страна оној хаос кој постоел претходно и форсирање на странски производи во однос на домашните производи, тука ќе имаме изедначување во однос и пред се на маркетите. Деновиве се докомплетира КЗК со пет нови членови, коишто беа изгласани во Собранието на Македонија. Тие ќе бидат главниот контрол на сите овие договори. Договорите завршија до 28 септември, дадовме еден мониторинг период до 1 јануари, каде што ги пратиме сите случувања, кои се случуваат имаме различни дојави и одредени проблеми околу поврат на роба во маркетите, некаде дури се појавуваат и двојни ценовници имаме како информација, вели Ристески.

Реклама

Тој истакна дека укажуваат по Нова година казнените мерки се големи и треба да внимаваат трговците и сите оние коишто ги склучуваат овие договори.

-Казните се некаде околу 20.000 евра, што не е малку како да речеме за нефер трговски практики, изјави Ристески.

Прашан за зголемените цени на производите во супер маркетите и новата потрошувачка кошничка, Ристески истакна дека трговците, производителите, супер маркетите, бизнис заедницата ветија пред целата јавност дека ќе ја поддржат акцијата, која произлегува од нив, со што ќе има намалување најмалку 10% на основните прехрамбени производи во Новогодишната кошничка. Заменик министерот за економија, Ристески истакна дека најголем мониторинг за оваа мерка се граѓаните, кои доколку забележат неправилности можат да се јават и реагираат.

-Јас би порачал до трговците, но и до производителите кошничката има 1.100 производи, меѓутоа имаат време и период до крајот на неделата, доколку има неправилности да ги исправат, да ја намалат цената на прехрамбените производи, пред се за граѓаните. Сметаме дека се се уште општествено одговорни фирми, кои го ветија тоа пред народот, посебно во одредени производи, како што се маслото за јадење, шеќерот, млечните производи, како што е кашкавал, сирење, месните производи, месото, како што е јунишкото свинското месо, јајцата и тоа да го направат и имаат време до крајот на неделата, рече Ристески.

Тој додаде дека доколку тоа не го сторат во тој случај Владата во наредниот период ќе донесе уште подрастични мерки, а главната цел им е штитење на стандардот на граѓаните.