Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Битола доживува градежен бум, до крајот на годинава ќе бидат инвестирани вкупно околу 10 милиони евра за различни проекти

Изградба на нов современ влез во градот од страната на Прилеп во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изградба на нов современ влез во градот од страната на Прилеп во вредност од околу два милиони евра, реконструкција на седум улици во населбата „Недопирливи“ вредна 500.000 евра, изградба на заобиколницата „Бурса“, рехабилитација на застарените водоводни и канализациони мрежи. Битола доживува вистински градежен бум, кој според градоначалникот Тони Коњановски, ќе продолжи и во наредната година, особено по аплицирањето со 16-те нови проекти кои веќе се прифатени и од Владата, а ќе бидат финасирани со пари од унгарскиот кредит.

„Ги потпишавме договорите, се’ e средено. Аплициравме со комплетни документи, со решенија за градба до изведба…Така што Битола и во нареднава година  ќе биде градилиште…Освен нашите проекти кои ги имаме, ќе имаме и нови проекти, 13 се преку Транспорт и врски, два имаме преку Министерство за култура, едно е преку Министерство за култура, две се во делот на Спортот“, – изјави Тони Коњановски, градоначалник на Битола.

Според проценките, забрзаниот инфраструктурен развој на Битола, до крајот на годинава, на општината ќе и’ донесе вкупно околу 10 милиони евра, што никогаш претходно не било случај. Од досега сработеното задоволен е и вице-премиерот Александар Николоски и тој очекува дека в година инвестицискиот бум во овој дел од земјата, ќе биде уште поголем.

Реклама

„Секако тука се и големите стратешки проекти. До Нова година ја пуштаме првата делница, тоа е Градско-Дреново од Експресниот пат Градско-Прилеп, до март месец ќе оди Дреново-Фариш, а како што најавивме минатата недела – за три години очекуваме автопат Прилеп-Битола и секако веќе работиме на завршување на проектот Обиколница на Битола и изграба на Експресен пат до Граничниот премин „Меџитлија“, – посочува Александар Николоски, вице-премиер и минстер за транспорт и врски.   

Освен ова, вчера премиерот Мицкоски најави и две нови странски инвестиции во Индустриската зона „Жабени“ крај Битола, вредни 11 милиони евра. Станува збор за ивестирање на германско-холандската Компанија „Бреинчајлд“ која треба да обезбеди 240 нови вработувања, а изградбата на објектот треба да започне в година.

Каролина Дурло