Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Прилози

Жестоки реакции од Софија: Цврстиот став на Македонија ја зовре политичката елита во Бугарија

Декларација за осуда на наводна омраза од македонска страна, бараат повеќе политички…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Декларација за осуда на наводна омраза од македонска страна, бараат повеќе политички фактори во Бугарија. Очигледно на официјална Софија тешко и паѓа фактот што новата власт во Македонија има многу поостра политика кон македонско бугарскиот спор.

Партијата „Преродба“ на ултра националистот Костадин Костадинов, на бугарскиот Парламент ќе му предложи декларација, во која пишува дека Бугарија мора да ги информира сите свои партнери во Европската Унија, за тоа што се случува од другата страна на границата. Со оваа декларација, според Костадинов треба да се осуди и заживувањето на говорот на омраза од официјално Скопје.

Конкретно, се мисли на последните изјави на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кои наидоа на остри критики од официјална Софија. Лидерот на Преродба оваа прилика уште еднаш ја искористи да испрати жестоки навреди кон Македонците.

Реклама

-Извесно е дека сите Македонци се Бугари, но не сите Бугари се Македонци, затоа што Македонците се географска подрајче. Во самата Србија која е што е мајката родина на македонската нација, која што ја измислила, се повеќе учени историчари, политичари, општественици, кажуваат и јасно изјавуваат дека македонска т.н. нација е измислена од Тито. Тоа е најуспешниот проект на Коминтерната, изјави Костадинов.

Незадоволството од новата далеку пожестока политика од македонска страна, не и се допаѓа ниту на ГЕР на Бојко Борисов, потписникот на т.н. договор за добрососедство. Европратеникот од неговата партијата, Андреј Ковачев најави дека ќе барале исклучување на ВМРО-ДПМНЕ од Европската народна партија.

-Ние веќе ја информиравме Европската народна партија за однесувањето на еден од членовите на Европската народна партија, и тоа е партијата ВМРО-ДПМНЕ. И ние ќе предложиме иницирање на процедура за исклучување на таа партија. Мислам дека тие покажуваат на секаков начин дека сакаат да бидат со Фидес, со партијата на Орбан, тоа си е нивно решение, нивна желба и се оддалечуваат многу од вредностите на Европската народна партија, изјави Ковачев.

Да се бара реакција од Европската Унија побара и поранешниот лидер на ВМРО-БНД Красимир Каракачанов. И тој реши повторно да удри со провокации кон Македонија и Македонците, вели дека на државава и било страв дека подобрените односи на двете земји ќе доведеле до ребугаризација во Македонија.

-На нив им е страв дека ако се отворат односите меѓу Бугарија и Македонија, ако тие го почитуваат договорот за општата историја, деловите од општата историја и личностите од општата историја, населението кое многу добро си ги знае бугарските корени, кога ќе се затоплат односите тие луѓе ќе се активираат, изјави Каракачанов. 

Незадоволство од изјавата на Николоски изразуваат и од партијата „ Има таков народ“ на Слави Трифонов.

-Тоа е доказ зошто Македонија нема место во Европската Унија, како што е доказ и за тоталната глупост и предавството кое што го извршија во Парламентот ППДП, ДПС и ГЕРБ, изјави Тошко Јорданов од ИТН.

Претходно за изјавата на Николоски дека бугарските провокации со знамето се непристојни и нецивилизирани ги осудија и од кабинетот на Румен Радев, кои однесувањето на македонската Влада го нарекоа манипулација, хистерична реакција и ширење омраза.

Лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер на Бугарија Бојко Борисов, кој е творец и на договорот за добрососедство, бара извинување од Николоски, па дури отиде до таму да бара и негова оставка.

Вицепремиерот пак порача дека останува позади се што кажал, а тоа е дека е некултурно, непристојно и нецивилизирано да ви дојде на гости претседател на држава, а вие да не го удостоите со ставање на знамето на државата која што ја претставува. Вели и дека оние политичари кои бараат негова оставка, се корумпирани и имаат желба да ги уништат односите меѓу Македонија и Бугарија.

Матеја Петровски