Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Системско решавање на ангажманот на образовните асистенти, за да се стави крај на проблемите, најави Јаневска

Нови 12 закони се готват во Министерството за образование, за решавање на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нови 12 закони се готват во Министерството за образование, за решавање на круцијалните проблеми. Министерката Јаневска соопшти дека се подготвува пакет од шест закони кој се однесуваат на дуалното, односно законот за средно стручно образование, како и закони за образование за возрасни, национална рамка на квалификации и закон за учебници.

Се подготвува и пакет од шест други закони од наредната година кои ќе се однесуваат на наставниците, потоа закон за педагошка служба, за државен испитен центар, како и закон за високо образование.

Министерката за образование рече дека повеќе нема да дозволи да се повтори проблемот со ангажман на асистенти во основните училишта и додаде и дека од наредната година новина ќе биде воведувањето на асистенти и во средното образование. 

Реклама

„Големата новина е што обезбедуваме и асистенти за средно училиште, нешто што досега го немаше и третото што сметам дека е важно, а сега го дискутирав со една од асистентите е тие да го следат ученикот во целиот образовен процес“, изјави министерката за образование Весна Јаневска.

Шесте нови закони за дуално образование Јаневска очекува да поминат на Влада и во Собрание најдоцна до октомври, а она што е најважно во моментов, а досега ниту една влада не го направила, е решавањето на проблемот со образовните асистенти односно нивното присуство во училиштата. 

„Сепак и денес ќе се потпишуваат договорите. Значи во следните денови асистентите навлегуваат во училиштата. Во новите закони за основно средно и средно стручно ќе определиме рок во кој треба да биде завршена целата постапка, и тоа треба да биде готово во Јуни“, изјави Јаневска.

Во моментов има 12 образовни асистенти за 15 деца со посебни потреби. За некој ден очекуваме да се комплетира тимот“, изјави Александар Филипчев директор на основното училишта „Ѓорѓија Пулевски“.

Асистентите во иднина ќе треба да го следат ученикот во целиот образовен процес. Ваквиот ангажман може да прекине  само во случај ако нема потреба од негов ангажман или асистенот одлучи самиот да се исклучи од овој процес.

Ангажманот на асистентот може да прекине и доколку родителите на ученикот инсистираат на негова смена, односно сметаат дека детето може да постигне подобар успех со друг асистент.  

Љубиша Владимиров