Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

Комуналните претпријатија од Пелагонискиот и Југозападниот регион ќе собираат шведски искуства за управување со отпадот

    Шведската асоцијација на општини и региони – САЛАР, во соработка со:…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

    Шведската асоцијација на општини и региони – САЛАР, во соработка со: македонското Министерство за животна средина, со ЗЕЛС, како и со партнерските општини од Пелагонискиот и Југозападниот регион, ги интензивираат активностите за имплементација на Проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво“ во овие два региона. Целта на овој проект, кој е финасиран од шведската Влада, е подобрување на услугите на македонските општини и комуналните претпријатија во менаџирањето со отпадот, а согласно актуелните глобални случувања во овој сектор. Со цел, непосредно и директно запознавање со шведските искуства на овој план, компетентни претставници од 16 општини и комунални претпријатија од овие два региона, во наредната недела ќе престојуваат во Шведска, откако претходно, овде се одржаа неколку работилници.

  „Проектот ќе се имплементира во Македонија до 2026, а на локално ниво, главниот фокус ќе биде на работата со избрани пилот-општини, локални комунални претпријатија и жителите од двата региона. Ќе се работи на планирање и испорака на услуги за отпад во согласност со насоките на ЕУ и новиот Закон за управување со отпад. На национално ниво, проектот примарно работи со Министерството за животна средина и просторно планирање, со цел да го подобри разбирањето на законодавците за улогата на општините и поддршката која што им е потребна за да ги постигнат национални цели и целосно да се усогласат со барањата на ЕУ. Проектот се залага за подобрување на координацијата и комуникацијата помеѓу националното и локалното ниво што е од најголемо значење за имплементација и на проектот за изградба на регионалната депонија во Новаци“, – информираат од ЈКП “Комуналец“ од Прилеп.

  Инаку, спојувањето на двата региона (пелагониски и југозападен) во еден регион за управување со отпад создава можност, но и обврска за блиска соработка помеѓу општините, што пак, е особено важно за престојната изградба на Регионалната депонија во Новаци, која треба да биде Фабрика што ќе го селектира и рециклира целокупниот отпад од кој органскиот отпад ќе биде подложен на процес на анаеробна ферментација од што би се добило биогас кој би се користел за производство на електрична енергија, а исто така и би се отвориле нови работни места за локалното население. Овој проект е вреден 22 милиони евра кои се позајмица од ЕБОР, и што е најважно ќе биде модерна рециклажна Фабрика со нулта загадување.

Реклама

  Каролина Дурло