Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Македонија

Гори и од другата страна на планината Серта: Радовиш може да здивне, битка за води за штипското село Пиперово

Не попушта огнената стихија и во штипско. Од сношти пламените јазици почнаа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не попушта огнената стихија и во штипско. Од сношти пламените јазици почнаа да се шират и кон штипското село Пиперово. За да се заштити селото направени се обрачи околу него. Иако е ново жариште, пожарникари, војници, ловџии  засега успеваат да го контролират.

    „Јавните претпријатија, приватни субјекти со механизација ги прават потребните обрачи и трасираат линија која ќе биде како заштитна зона  и можност за делување и спречување на евентуално ширење на пожарите коишто веќе зафатија делови на Серта од штипска страна„ изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Под целосна контрола е ставен пожарот над Радовиш. Рано утринава  таму се интервенираше со српски хеликоптер.  Поради тешко пристапниот терен вчера градоначалникот на Радовиш побара дејствување од воздух. Пожарот направи голема штета во подножјето на планината Плачовица. Се претпоставува дека се опожарени околу 200хектари.

Реклама

    „Ние цело време на терен правиме дронски снимки, имаме и термо камери. За првично мислиме дека се работи од 150 до 200хектари борова шума, но очигледно подрачјето ни е поголемо. Точното мерење ќе го направиме кога пожарот во целост ќе биде локализиран„ изјави Ацо Ристов, градоначалник на Радовиш.  

Огнената стихија остави пустош позади себе. Освен боровите шуми, во пламените јазици настрада дивеч и птици.  Штетите допрва ќе се утврдуваат.

Александра Ристевска