Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Македонија

Голем дел од шелтер центрите во државава не функционираат

Државата да преземе одговорност или шелтер центрите да ги даде во владение…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државата да преземе одговорност или шелтер центрите да ги даде во владение на здруженија на граѓани, сметаат од  Организација на жените од Свети Николе. Само на овој начин ќе се обезбеди пристојно и сигурно засолниште на жртвата која собрала храброст да му се спротистави на својот насилник.  Во овој град има шелтер центар, но само на хартија. Поради лошата состојба во која се наоѓа,повеќе од една година не се згрижуваат жени и деца.

  „ Потребни се помош и адаптирани услови и од институциите и МТСП да преземе одговорност, секако и граѓански здруженија….Најелементарните услови недостигаат. Има местоположба каде има многу влага, многу од предметите се искршени„ изјави Даниела Петрова од Организацијата на жени на Свети Николе.

Во шелтер центарот жртвата добива 24часа сместување, заштита, психо-социјална помош и поддршка за полесно надминување на состојбата и траумата. Алфа,  до Министерството за труд и социјала,  достави барање за дозвола за влез во шелтер центрите во Свети Николе и Кочани, но истото беше одбиено.

Реклама

„Бидејќи, локациите се тајни заради сигурност на жртвите, во засолништето не се дозволени посети на лица кои не се дел од стручниот тим што работи во центарот„ се вели во одговорот на ресорното министерство.

Овде жртвата може да остане најмногу до една година, по што следи горчливото прашање каде понатаму.  Граѓанските активисти сметат  дека е потребна дополнителна помош од институциите, да жртвата  стабилно  застане на нозе и се реинтегрира. Организацијата на жени,  до општината има доставено барање еден до два стана од социјалната зграда во нивниот град, бидат наменети за жртви на семејно насилство.

„Не зависи од општината. Министрството за транспорт и врски овде е главен фактор. Ние како здружение поднесовме предлог до советниците, едноставно да се подигне свеста и кај нив за потребата, односно од приоритетот дека не е само згрижувачки капацитет шелтер центарот, туку треба и институциите да си преземат обврска согласно Инстанбулската конвенција„ вели Даниела Петрова, претседателка на Организација на жените од Свети Николе.

На хартија постојат 11шелтер центри, но дел од нив се нефункционални. Освен државни има и граѓански, кои овозможуваат ургентно сместување на жртвата. Таков е примерот и со шелтер центарот на струмичкото здружение „Скај плус„  каде годишно над триесетина жени со своите деца, наоѓаат засолниште. За ваквите центри, државата не одвојува ниту денар, па тие се снаоѓаат како знаат и умеат.

Александра Ристевска