Реклама

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Прилози

Министерство за спорт за враќање на гордоста на спортска Македонија

Министерство за спорт за враќање на гордоста на спортска Македонија. На спортот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерство за спорт за враќање на гордоста на спортска Македонија. На спортот му е потребна сериозна реформа, за повторно државава да ги има резултатите и успесите кои ги имаше пред само неколку години. Извршниот директор на РК Вардар, Борко Ристовски смета дека вакво министерство е непходно со цел да справување со најголемите проблеми, како што се корупцијата, непотизмот и се што го донесе македонскиот спорт до ова ниво.

-Спортот ни е на едно ниво кое што е далеку од просекот, а камо ли да се надеваме на успеси врвни, дали се работи на репрезентативно или за клупски план. Генерално во Македонија и во спортот владее корупција, владее непотизам огромен, така да мислам дека Министерство за спорт ќе биде едно решение кое што ќе донесе помал маневарски простор за оние кои се влезени во спортот за да имаат некој личен бенефит, а од друга страна ќе ги отвори портите на професионализмот, на резултатите, изјави Ристовски.

Пред само неколку години работите во спортот беа сосем други. Македонија во кошарка беше четврта во Европа, во ракомет петта, а фудбалските репрезентативци играа на Европско првенство. Во два наврати европски првак беше РК Вардар, ФК Вардар пак испиша историја прв пат пласирајќи се во групна фаза од европско натпреварување. Според Ристовски постои потенцијал повторно да ги има овие успеси, доколку спортот се ослободи од стегите во кои бил последниве години и кои ги спречуваа бизнисмените да инвестираат во македонските клубови.

Реклама

-Да и стопанствениците се чувствуваат покомотни, посигурни да се ослободат, да вложуваат во спорт,  да корупцијата ја сведеме на минимум, затоа што знаеме дека корупција никаде во светот нема нула, меѓутоа ќе се обидеме да ја сведеме на минимум, да повторно оние луѓе кои што се ентузијасти, кои што имаат можност финансиска да инвестираат во спортот, а ние сме тука за тие пари да ги насочиме правилно низ развој и едукација на млади кадри, на македонски кадри, изјави Ристовски.

Инаку, планот на ВМРО-ДПМНЕ за трансформација на Владата предвидува ново Министерство за спорт, односно Агенцијата за млади и спорт да премине во Министерство.

Матеја Петровски