Реклама

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Очајничка потрага по „бугарски жртви“ – нов пораз на обидите за монтажи на Бугарите

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

Македонија

Отровни стрели ја загадија Tоксикологија: Судирот се претвори во „шпанска сапуница“

Клиниката за Токсикологија станува се’ по токсична. ”Фрчат” разрешувања,обвинувања, клевети и тужби…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Клиниката за Токсикологија станува се’ по токсична. ”Фрчат” разрешувања,обвинувања, клевети и тужби помеѓу министерот за здравство и медицинскиот персонал на клиниката. Доктор Нико Беќаровски ќе го тужи министерот за здравство Илир Демири доколку за 24 часа не добие јавно извинување.Смета дека обвинувањата од страна на Министерството за здравство дека наводно ги навредувал вработените по национална основа се неосновани и лажни. Беќаровски ги демантира наводите за поткревање на меѓуетнички тензии и се закани со кривични пријави за сите кои што ставиле потпис на документот каде тој е обвинет.

“Почитуван министер Демири, се надевам дека објавата е без Ваше знаење и одобрение, бидејќи со истата ми нанесовте несогледлива штета на мојот углед, базирана на лажни изјави, на незаконски архивиран документ, на кој не стои ниту едно име, за која ќе следува соодветна судска тужба кон инволвираните.Најколегијално, Ве замолувам во следните 24 часа јавно да се оградите од оваа објава на сајтот и да ми се извините за нанесената повреда на мојата чест и углед” му напиша Беќаровски на министерот Демири на Фејсбук.

И вработените на Токсикологија кои работниот век го поминале со Беќаровски се кренаа на нозе.Тие застанаа во одбрана на докторот.

Реклама

“Д-р Беќаровски е врвен професиналец кој повеќе од 10 години работи ургентна медицина и спасува човечки животи без разлика на етничката припадност или припадност на политичка партии, па поврзувањето неговото име со вакви невистини за политички цели е скандалозно и некоректно и поттикнува нетрпение по национална основа“, стои во потпишаната изјава од вработените на Клиниката.

Ситуацијата на Tоксикологија ја подгреа разрешувањето на медицинскиот директор Данил Петровски од страна на министерот Демири.На клиниката  изминативе месеци беа констатирани низа неправилности, за кој одговорност требаше да сноси организациската директорка Бесија Илјази.

Поради нејзиниот потпис клиниката не е осигурана, а неодамна имаше поплава. Забелешки за нејзината работа имаа и инспекциите бидејќи дозволувала 18 лица со месеци да се шетаат низ клиниката и да работат со пациенти без никаков договор. Во меѓувреме беше доведена во прашање валидноста на резултатите во токсиколошката лабораторија зошто биологот нема решение, а имало и обид за замаена на урина со наркотици со чист примерок од страна на еден од договорците кои Бесија Илјази сака да ги вработи.

Ања Лукарова