Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

ДIK: Прегласување ќе има во Охрид, Крушево и Желино

Државната изборна комисија усвои три приговори на ВМРО-ДПМНЕ и еден на коалицијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државната изборна комисија усвои три приговори на ВМРО-ДПМНЕ и еден на коалицијата Влен. Прегласување ќе има во Охрид, во Крушево и во Желино. По извршеното пребројување за избирачкото место во охрид, било утврдено дека записникот не е правилно пополнет, а имало и корекција во делот на гласачите внесени рачно.
Во Крушево, приговорите за двете избирачки места се усвоени поради несовпаѓање на бројките од записникот со оние од уредот за биометриска идентификација. Во избирачко место во Желино пак, ДИК утврдила дека 110 гласачи кои го оствариле избирачкото право немале отпечаток од прст во уредот, туку гласале само со матичен број и со скенирање на личната карта.
Вториот приговор поднесен од влен кој беше одбиен, се однесуваше на избирачкото место 1953 во Тетово – шестата изборна единица. А, како што пишува во приговорот, тој е поднесен бидејќи 125 граѓани кои го оствариле избирачкото право немале отпечаток од прст во фингер принт уредот, туку тие гласале само по матичниот број и скенирање на личната карта.
Против одлуката на ДИК може да се поднесе тужба до управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението. Управниот суд на република северна македонија, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием.
За изборните резултати до дик беа поднесени 27 приговори – девет од коалицијата „Вреди“, осум од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ и четири од Левица.