Реклама

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Очајничка потрага по „бугарски жртви“ – нов пораз на обидите за монтажи на Бугарите

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

Македонија

На Џафери не му се зборува за опозициските денови на ДУИ

Одењето во опозиција тешко ќе им падне на ДУИ. Талат Џафери не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одењето во опозиција тешко ќе им падне на ДУИ. Талат Џафери не сака ни да мисли ни да зборува за тоа. Се дистанцира од ставовите на останатите во високото раководство на партијата дека по секоја цена мора да бидат во влада бидејќи биле победници во блокот на етничките Албанци. Тој немаше конкретен одговор на прашањето дали е подготвен да замине во опозиција со оглед на изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека нема да преговара за коалиција со Демократската унија за интеграција.

„Јас сум премиер и размислувам за мандатот што треба да го завршам. Тоа се прашања на органите на партијата и во тој контекст да завршат преговорите, другото е прашање на исходот од преговорите за состав на нова влада“, рече техничкиот премиер Џафери.

Во врска со тивкиот бојкот, Џафери се правдаше дека ниту Европскиот фронт, ниту ДУИ повикале граѓаните да не гласаат за претседателски избори. Изгледа Џафери заборави на видеото кое го објави Груби, кој дрско и со насмевка се снимаше каде става гласачко ливче само во кутијата за парламентарни избори. На прашањето, како може министер во владата да го направи тоа и покрај одговорноста која ја носи функцијата, рече дека Груби ниту бил влада, ниту партија – со други зборови, можел да прави што сака.

Реклама

„Индивидуалните ставови не можат да се претставуваат како генерални ставови на субјектот. Груби ниту е Влада, ниту е партија. Јас имав изјава како премиер на избирачкото место и потврдив дека ги земав двете ливчиња и гласав. Индивидуалниот став не е општ став по кој може да се извлече заклучок. Нека си е министер, индивидуа е во однос на Владата, не е став на Владата, ниту на партиски органи. Индивидуално може да каже што сака, тоа е слобода и на мисла и на изразување“, рече Џафери и додаде дека не може да се повикува на одговорност.

Планот за бојкот на ДУИ очигледно не успеа – цензусот беше исполнет и во недела, Македонија и официјално ќе ја добие првата жена претседател по официјалната инаугурација.

По повеќе од две децении ДУИ заминуваат во опозиција. Нивната коалиција  на изборите освои 19 пратеника, но фаворит за коалиционен партнер во владата на идниот мандатар Христијан Мицкоски се „Вреди“ кои освоија 13 пратенички мандати.