Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Почна гласањето за двојните избори, гласаат болните, немоќните и затворениците

Утрината во седум часот почна гласањето за двојните избори. Правото на глас…

Сподели:
Фото: Алфа Вести
Утрината во седум часот почна гласањето за двојните избори. Правото на глас денеска го користат болните и немоќни лица во домашни услови и затворениците. Избирачките места во затворите се отворени во 7, а ќе се затворат во 19 часот. За вториот круг на претседателските и за парламентарните избори зголемен е бројот на пријавени болни и немоќни лица, кои денеска ќе ги посетат членовите на избирачките одбори, за да гласаат во домашни услови.

Според податоците на ДИК за претседателските избори ќе гласаат 11.123, а за парламентарните избори бројката на болни и немоќни лица е поголема за 102 избирачи или ќе гласаат 11.225 болни и немоќни лица. На 8 мај на избирачките места ќе има две гласачки кутии, едната за избор на нов претседател, а втората за избор на пратеници.

Гласачите ќе имаат право само еднаш да пристапат до избирачкото место. На 8 мај, на вториот круг од претседателските избори право на глас имаат еден милион 814 илјади 317 избирачи, додека на парламентарните избори милион 815.350 избирачи. Разликата во гласовите е 1 033, генерално поради граѓани кои стекнуваат полнолетство. во посебните изводи од избирачкиот список за лица кои поднеле пријава за гласање во дипломатско конзуларните претставништва или конзуларни канцеларии се запишани 2.569 избирачи, а во затворите 2.147 избирачи. Запишани се и 534 избирачи згрижени во установите за вон семејно згрижување, а во избирачкиот список запишани се и две внатрешно раселени лица.