Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Празнично,Владата наликува како змијарник

Лицето на државата – зградата на македонската Влада наликува на змијарник. Дворот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лицето на државата – зградата на македонската Влада наликува на змијарник. Дворот и околината на еден од најважните објекти во земјава и симбол за државноста е целосно запуштен и преполн со огромни треви и отпадоци.

“Дворот на Владата на Илинденска како на хорор филм. Обрасната трева по метар и половина – граѓаните велат ова е срамно вака да изгледа главниот објект во државата”

Оваа катастрофална и очајна слика пред Владата е по заслуга на оние кои ја предводат државата, реагираат граѓаните.Според нив, не се распаѓа само политичкиот систем управуван од владата туку и околината на објектот.

Реклама

Не само околината..Во лоша состојба е и самиот објект. Сераспаѓа дел од  фасадата на која буквално и фалат делови. Вака е веќе со години…но ништо не е подобрено, напротив ситуацијата е се полоша.

Зошто се остава објектот да пропаѓа а околината да скапува од Владата нема коментар. Алфа испрати прашање но одговор не добивме.

Според упатените, ваквата состојба е само врв неодговорноста и немарноста која ја демонстрираше седумгодишното владеење на СДСМ и ДУИ. Уште на самиот почеток кога дојдоа на власт тогашниот премиер Зоран Заев донесе одлука да се острани оградата околу владината зграда која никој не знае каде завшри.Седум години подоцна….околу седиштето на владата стојат само бетонски столбови околу кои има обрасната трева и отпад.