Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Николоски: Број еден приоритет ни е борба против криминалот и корупцијата

После првиот круг се појасно е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

После првиот круг се појасно е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 4 во своето гостување во емисијата „Политиканти“.

Тој во текот на своето гостување посочи дека предизвик број еден на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде да се соберат луѓе кои ќе сакаат да направат нешто државата.

-Предизвик број еден е да се соберат квалитетни кадри кои што ќе сакаат да направат нешто во државата, особено во дел на проектен менаџмент. Еве тука ќе ги споменам две сериозни инфраструктурни делници, автопатот Охрид-Кичево и Прилеп-Градско, експресен пат. Моето мислење е дека двата не се реализираа поради лош проектен менаџмент, рече Николоски и додаде:

Реклама

-Ние велиме дека ова е последна шанса, затоа што навистина сме собрани една екипа на луѓе кои што влегуваат со доста енергија во оваа работа и сакаме да оставиме нешто позади себе. Не влегуваме во оваа работа само да протуркаме 4 години, па што биде-биде, мислам дека тоа го чувствуваат нашите соработници и дека ќе се направи една добра екипа која што ќе може да испорача.

На крај Николоски дека порача дека ВМРО-ДПМНЕ не сака да соработува со ДУИ поради огромниот криминал и корупција кои го прават.

„Резултати ќе има особено во борба со организиран криминал и корупција, тоа ни е број 1, ние и во партијата покажавме дека сакаме да менува и сменивме. И овој судир кој што го имаме со ДУИ, е на таа линија, ако видиме зошто ние не сакаме да соработуваме со ДУИ, тоа е токму заради таа причина“, нагласи Николоски.