Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Клиниката за токсикологија пропаѓа алармираат вработените, директорката Иљази молчи за обвинувањата

Хаос на Клиниката за токсикологија.Уште еден скандал поврзан со oрганизациската директорка Бесија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Хаос на Клиниката за токсикологија.Уште еден скандал поврзан со oрганизациската директорка Бесија Иљази.За само два месеци го зголемила долгот на инстутуцијата за речиси два милиони денари, не доаѓа на работа и не потпишува клучни документи, ова се дел од проблемите за кои алармираат вработените во клиниката. Тие обвинуваат, дека Иљази не е законски поставена затоа што не ги исполнува условите пропишани со закон за директори. Според нив поради нејзе во клиниката се случува дезорганизација, а не организација.

„За помалку од два месеца долгот на клиниката го зголеми за приближно два милиона денари, со дневно работно време од 4 часа и 30 минути, поточно на работа доаѓа во 10 часот, а работното време ѝ завршува во 14:30. Исто така, клиниката нема спроведено постапка за осигурување на имот, осигурување на скапата медицинска опрема и осигурување од лекарска грешка, бидејќи в. д. директорката не сака да потпише затоа што не е прифатен нејзиниот брокер за осигурување .Поради одбивање да потпише согласност за договор на дело за двајца дипломирани биолози, токсиколошката лабораторија веќе два месеца не врши валидација на издадените резултати“, се вели во писмото од вработените.

Одговор за обвинувањата од вработените засега нема, секретарката на директорката Иљази не информираше дека нејзиниот став ќе биде соопштен деновиве. Неофицијално, од извори на Клиниката, медицинскиот директор, д-р Данил Петровски трпи големи притисоци од министерот за здравство Илир Демири да потпише вработување на 18 лица на кои им истекле договорите на дело на 31.12.2023. Директорот одбивал да потпише, согласно насоките од Министерството за финансии, дека Македонија е во изборен период и дека треба да се почитуваат забраните.

Реклама

Инаку, Бесија Иљази не знае македонски јазик, а преведувачи и се двете секретарки .Според информациите до кој дојдовме уште пред еден месец, економската директорка на работа доаѓала со придружба на нејзиниот татко кој постојано бил со неа како да е нејзино обезбедување.