Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

Држава или партија-за ДУИ нема разлика, кабинетите ги претворија во кафеани за прослави

Премиерот пред само неколку дена си го прослави роденденот во кругот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот пред само неколку дена си го прослави роденденот во кругот на семејството во кабинетот на Владата откако тие го изненадија со торта.

Освен Џафери и лидерот на ДУИ Али Ахмети, собраниската канцеларија ја користи за прослави. На крајот на јануари кога Џафери беше избран за технички премиер во канцеларијата на Ахмети во Собранието се точеше виски и се пушеа пури, а во кафеанскиотт амбиент уживаа сопартијците од ДУИ.

Реклама

На седницата на која Џафери беше избран за премиер, новинарите од Албанија добија третман на дипломати па беа седнати во ложата каде вообичаено седат амбасадорите, за разлика од домашните новинари.

Држава или партија, за ДУИ изгледа нема разлика. Ништо поразличен не е ни односот на министерот Бујар Османи. Партиските информации на ДУИ ги шират портпаролите платени од државни пари, во овој случај еден од членовите на ПР тимот на Министерството за надворешни работи. Преку официјалната вибер група на МНР за комуникација со медиумите, новинарите во јули ланската година беа известени дека Бујар Османи добил нова партиска функција.

Мешањето на партијата и државата предизвика негативни коментари кај дел од новинарите, кои реагираа и дека ПР тимот на Османи не покажува ваква ажурност кога станува збор за новинарските прашања околу работата на МНР.

Министерството,пак на Артан Груби по потреба станува и партиски штаб на интегративците, каде Али Ахмети си ги остварува своите средби. Така беше и лани во јули кога тој се сретна со претставнците на Вајмарската тројка.

Во министертвото на Груби во екот на пандемијата се славеше и роденденот на лидерот без гостите да ги почитуваат протоколите, па беа казнети со 20 евра. Кај него, министрите на ДУИ играа кошарка и фудбал. Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците нема проекти, ама има вдомено 400 луѓе.

Роденденски журки, пури и виски, ВИП третман за новинари од Албанија, користење на службени возила за партиска промоција, техничкиот премиер Џафери и врвот на ДУИ заборавија дека функционерските фотелјите на кои седат се на државата, а не семеен имот.

Премиерот пред само неколку дена си го прослави роденденот во кругот на семејството во кабинетот на Владата откако тие го изненадија со торта.

Освен Џафери и лидерот на ДУИ Али Ахмети, собраниската канцеларија ја користи за прослави. На крајот на јануари кога Џафери беше избран за технички премиер во канцеларијата на Ахмети во Собранието се точеше виски и се пушеа пури, а во кафеанскиотт амбиент уживаа сопартијците од ДУИ.

На седницата на која Џафери беше избран за премиер, новинарите од Албанија добија третман на дипломати па беа седнати во ложата каде вообичаено седат амбасадорите, за разлика од домашните новинари.

Држава или партија, за ДУИ изгледа нема разлика. Ништо поразличен не е ни односот на министерот Бујар Османи. Партиските информации на ДУИ ги шират портпаролите платени од државни пари, во овој случај еден од членовите на ПР тимот на Министерството за надворешни работи. Преку официјалната вибер група на МНР за комуникација со медиумите, новинарите во јули ланската година беа известени дека Бујар Османи добил нова партиска функција.

Мешањето на партијата и државата предизвика негативни коментари кај дел од новинарите, кои реагираа и дека ПР тимот на Османи не покажува ваква ажурност кога станува збор за новинарските прашања околу работата на МНР.

Министерството,пак на Артан Груби по потреба станува и партиски штаб на интегративците, каде Али Ахмети си ги остварува своите средби. Така беше и лани во јули кога тој се сретна со претставнците на Вајмарската тројка.

Во министертвото на Груби во екот на пандемијата се славеше и роденденот на лидерот без гостите да ги почитуваат протоколите, па беа казнети со 20 евра. Кај него, министрите на ДУИ играа кошарка и фудбал. Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците нема проекти, ама има вдомено 400 луѓе.

https://youtu.be/0UJub-C57kc