Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Случајот „Идризово“ ја отвори Пандорината кутија: Лани дури 40 затворски чувари си дале отказ

Тунели за бегство, обвинувања за мито и корупција, дилање дрога, закани по…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тунели за бегство, обвинувања за мито и корупција, дилање дрога, закани по живот на командири и нивните семејства, палење коли на вработени, во Идризово не се знае кој јаде, а кој пие и кој кого чува. Апсењето на 17 чувари зашто наместо да чуваат осуденик за убиство, чувале празен болнички кревет, е последната капката која ја прели чашата.

Хаосот во Идризово е причина што само минатат година 40 припадници на затворскиот персонал решиле да си заминат од работа. Според неофицијални информации на Алфа причините се што преживувале тортури од затворениците, добивале закани по живот, па дури им ги палеле колите. Како што тврди нашиот извор, никој не ги заштитил, ниту презел нешто.

Пред Нова година, во Идризово се вработиле нови 80 луѓе, но и покрај оваа бројка затворскиот директор Зоран Јовановски вели дека потребни се уште најмалку стотина кои ќе се вработат после изборите за што Владата веќе дала зелено светло. На обвинувањата за лошите услови за работа и незаштитата на персоналот, тој се правда дека Идризово има одлични услови за работа и нуди високи плати. Според него, ниту еден вработен не се заминал од работа поради закани од осуденици.

Реклама

Точно е дека заминаа околу 40 тина лица лани, но на тие командири на кои им беа запалени автмобилите тие се останати на работа бидејќи станува збор за професионалци. И покрај лошата репутација за Идризово, сепак платите на чуварите со средно образование се движат од 35 до 40 илјади, а за командирите со високо, се околу 50, па можеби и повеќе. Сега имаме околу 250 лица, но потребни се повеќе, Идризово има и спровод на лица и обезбедување надвор од затворските простории, вели Зоран Јовановски, директор на Идризово.

Идризово одамна тоне во бунар, а ниту една Влада не успеа да го расчисти хаосот во затворот. Пред неколку месеци осуденици обвинуваа за тортури и мито на командири од Идризово, но обвинителството и МВР засега не преземаат ништо.  Лани во март затворските власти открија тунел за бегство, а пред 5 дена при предовна контрола отриени се уште два идентични тунели. Се претспоставува дека се ископани за бегство на поголем број на затвореници.