Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Продолжува изживувањето врз Александар Јаневски – Тошта

Александар Јаневски Тошта е однесен на контола во Штипската болница, но дежурната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Александар Јаневски Тошта е однесен на контола во Штипската болница, но дежурната интернистка заборавила или игнорирала да напише дека тој имал интервенција во Охридската болница, во јануари годинава. Сопругата на осуденикот од 27 април обвинува дека лекарката прво го примила еден од чуварите кој и кажувал што да напише во извештајот, па потоа го извршила прегледот. 

Според сведочењето, интернистката го игнорирала отпусното писмо од Охрид и во извештајот навела дека последен стент на Јаневски му е правен ланската година во јули.

Дежурната интернистка во Штип во телефонски разговор за Алфа децидно ги отфрли обвинувањата, а во однос на документацијата вели дека не може да зборува на памет. Таа негира дека останала на само со чуварите и прегледот го извршила во амбулантата каде биле присутни двајцата чувари заедно со пациентот.

Реклама

Во однос на тоа зошто во извештајот не е наведена интервенцијата од јануари годинава во Охрид, туку само таа од ланската година, таа вели дека системот во моментот бил паднат и можеби не ни можела се да види.

Имено, Јаневски Тошта со месеци е во затвроката амбуланта, а не во полуотворено одделение бидејќи е казнет зошто викендот после 17 јануари не се вратил во затворот, туку според затворските власти се дал во бегство.
Јаневски Тошта е хоспитализиран на 17 јануари во Охридската болница, а отпусното писмо му е на 24 јануари во кое стои дека имал интервенција на срцето.

Тој се жали дека поради влошеното здравје треба да има почести прошетки, но чуварите и командирите не го пуштаат.

Иззживувањето и тортурите врз Јаневски Тошта траат веќе со месеци. Тим од кај Народниот правобранител влезе во затворот да се запознае со случајот.  

Во меѓувреме од Управата за извршување на санкции се уште нема одлука за казнувањето на Тошта со самица. Тој се жалеше зошто е даден на сисциплинска и е казнет кога не избегал туку имал интеревенција во Охрид.