Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Никој не може да ги запре промените, Пендаровски и Ковачевски ќе одговараат за криминалот кој го направиле

Стево Пендаровски, Димитар Ковачевски и Миле Зечевиќ му ја ставиле на располагање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стево Пендаровски, Димитар Ковачевски и Миле Зечевиќ му ја ставиле на располагање Агенцијата за разузнавање водена од Еролд Муслиу, на Асаф Еисин, за каде имаме сомнение дека се фалсификувале документи против ВМРО-ДПМНЕ, а кои се објавуваат во јавност, како наводна вистина.

Главен нарачател е Пендаровски и Ковачевски, а Зечевиќ е посредникот преку кого одат исплатите. Јавно прашуваме како се исплаќа Асаф Еисин, дали во кеш и дали за тоа се користат парите стекнати преку тендерите во РЕК Битола?

Асаф Еисин е припадник на групата на Тал Ханан, која е предмет на истраги ширум светот за мешање во изборни процеси, местење и фалсификување. Од Франција до Африка и од Латинска Америка до Индонезија. СДС влегле во врска со белосветски мешетари, околу кои се повеќе се стеснува обрачот.

И Асаф Еисин и Пендаровски, Ковалевски и Зечевиќ треба да знаат дека ќе одговараат и во Македонија за сите конструкции и криминали кои ги направиле и ги прават.

Никој не може да ги запре промените. Македонија повторно ќе биде на народот. Промените се во рацете на граѓаните.