Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Ниту самиот не си верува во зборовите дека ќе победи на изборите- лажен оптимизам на Ковачевски?!

Ниту самиот не си верува во тоа што го зборува. Таква е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ниту самиот не си верува во тоа што го зборува. Таква е ситуацијата со лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски, барем во моментите кога вели дека неговата партија ќе била сигурен победник на изборите. Според познавачите ваквата реторика е очекувана, со цел колку толку да го крене партиското членство во пресрет на претседателстките и парламентарни избори, на кои според сите испитувања на јавното мислење го очекува тежок пораз.

Сепак, и покрај убавите зборови и оптимизмот пред камери, според политичкиот аналитичар Александар Ристевски и самиот Ковачевски е свесен дека го очекува тежок пораз.

-До некаде човек треба и да го сфати, бидејќи покажува одредена форма на оптимизам, но и самиот за реалноста, а таа реалност му се прикажува и на терен со самата трема, збунетост, непрофесионалност. Гледаме овие два дена овие два дена името му го згрешија овие кои го спремаат, натписите му се утнати, букви му фалат, собира строго партиско членство, со политички функционери. Мислам дека до крајот на изборите прашање е дали ќе го видиме на настап на отворено. Така да мислам дека белото знаменце е веќе во вис, вели Ристевски.

Реклама

Она што многумина го забележуваат во реториката на Ковачевски е и што многу често не вели дека ќе биде подобар на изборите од опозицијата, туку дека и да има помалку пратеници, тој ќе формирал Влада. Според Ристевски реториката на секој претседател на СДСМ е секогаш иста, иако оваа партијата во својата историја реално само еднаш има победено на избори.

-Единствени чисти избори каде што СДСМ како политичка партија извојувала победа, тоа е на изборите 2002-ра по воениот конфликт. Така да тоа беа единствените избори, каде што може да се каже дека тие реално победиле. Сите други изборни циклуси, вклучувајќи го и овој во 2020-тата и начинот на кој формираа Владата после 2016-та, во 2017-та беше прашање на таа политичка сервилност, на тоа политичко попуштање и собирање на сите можни, вели Ристевски.

Инаку, сите анкети последниов период покажуваат дека рејтингот на власта секојдневно е во слободен пад и дека поразот на изборите за СДСМ е немионовен и покрај убавите зборови кои Ковачевски се обидува да ги продаде на своето партиско членство.

Матеја Петровски