Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Николовски „излета и изгуби контрола“: Нервозен влезе во кавга за семејните врски во М-НАВ

Љупчо Николоски се заплетката во контролата на летање. Наместо конкретни одговори како…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Љупчо Николоски се заплетката во контролата на летање. Наместо конкретни одговори како членови од неговото семејство биле вработени во М-НАВ, тој нервозно и видно вознемирен влезе во отворена кавга со новинарите, а индиректно и со премиерот. Нервозно рече дека не го интересил ставот на неговиот шеф.

Министерот за земјоделство ги искара медиумите дека не ги интересирале наводните успешни проекти во неговиот ресор туку се занимавале со тоа како неговите чичко и братучед се нашле на платните списоци на државната компанија.

Николоски се правда дека неговиот братучед бил многу квалификуван, студирал во Јапонија, но не кажува зошто тогаш пет години останал помошник контролор.

Реклама

Инаку Алфа дознава дека Стефан Николоски влегол во М-НАВ откако неговиот прв братуџет, Љупчо Николски, стана министер во Владата, но оттогаш не напредувал во самостоен контролор зашто не можел да ги дозаврши обуките.

Таткото на Стефан односно чичкото на Љупчо пак таму работел над 40 години, министерот вели уште пред да биде роден тој.

Премиерот прв проговори за семејни стебла во една од најплатените државни компании во обид да го оцрни синдикатот, но аферата излезе многу поголема, па сега неговиот министер вели дека не го интересирал ставот на Димитар Ковачевски.

Премиерот, пак, сега вели дека не бил портпарол на неговите министри, збунето порача дека тие требало да си одговорат за вработувањата на нивните роднини.

Имено, упадот во контолната кула на М-НАВ беше кулиминација на повеќемесчни превирања во државната компанија. Синдикатот се противеше на нови вработувања на, според нив, нестручни и партиски кадри, во најголем дел преку ДУИ.