Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Власта да запре со изборен поткуп, институциите да распишат огласи по избори

Многу полемики, прашања на кои одговор нема, се појавија изминатиот период откако…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Многу полемики, прашања на кои одговор нема, се појавија изминатиот период откако неколку институции отворија огласи за вработување. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека сите овие огласи се со една намера – да се полни администрацијата пред избори.

„Власта ги полни институциите со партиски кадри како да нема утре. Огласот за 500 ново вработени во ЕСМ е само еден дел од бранот полнење на администрацијата пред избори.

Зошто ако имало потреба за нови дури 500 вработувања во ЕСМ тоа не било направено пред година дена? Како наеднаш се појавила потреба за дури 500 вработувања?

Реклама

Очигледна е намерата на власта со овие 500 вработувања да се обиде да ги манипулира лицата кои ќе ги вработи во изборни цели.

И не е само ЕСМ, нови 41 вработување има и во ФЗОМ.

ВМРО-ДПМНЕ предложи доколку овој или било кој оглас е итен и неопходен, тој да се спроведе од институциите по изборите. Секое полнење на администрација пред избори не може да се свати поинаку освен како изборен поткуп“, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.