Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Македонија

РКЕ денеска ќе ја соопшти новата цена на струја

Регулаторната комисија за енергетика откако детално ја скенираше пресметката што универзалниот снабдувач…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Регулаторната комисија за енергетика откако детално ја скенираше пресметката што универзалниот снабдувач ја достави на проверка, денеска треба да ја соопшти одлуката за новата цена што ќе стартува од 1 јануари.

Помалите потрошувачи од 1 јануари ќе плаќаат поевтина струја. Наводно, се планира намалување од 5 проценти на електричната енергија за корисниците во првиот блок.

Иако согласно добиените барања од компаниите, зголемувањето на цената на струјата би било за 27 проценти, од Регулаторна се децидни дека новиот модел за пристап на мрежа со кој се распределува фер трошокот од потрошувачите кои редовно користат струја со оние кои повремено ги користат објектите, се очекува да донесат пониски сметки во 2024 година.

Реклама

Станува збор за нова ставка за оние сопственици на викендички, напуштени куќи во планинските и руралните делови на земјата, имоти на лица кои со години се во странство, во иднина на сметките за струја ќе плаќаат фиксен надоместок наречен „пристап до мрежа“ бидејќи одржувањето на мрежата е многу скапо.

Кон овој тренд на паѓање на цените влијае и дневната евтина тарифа, која што стапи на сила од 1 декември, а во наредниот период треба да биде достапна за сите корисници.